Новости

ЕДС ќе излезе со најдобра понуда за малите компании во следната фаза на либерализација на пазарот на струја

"Зошто ја имаме најдобрата понуда? Затоа што ние сме единствени што може да понудат најдобри услови. Како компанија со најголема балансна група даваме најдобра цена, по најдобри услови и иститe ги исполнуваме во целост. ЕДС има најголема балансна група од 64% од целосно либерализираниот пазар на струја. Тоа значи дека во секој момент може да се направи баланс на различните потреби на компаниите без опасност да се покачи цената на струјата. Минатиот месец средните компании што станаа клиенти на ЕДС се уверија во разликата во цената и во квалитетот - се уверија дека ветувањата и договорите ги исполнивме во целост. Тоа што другите го нудат како поволност во иднина, нашите клиенти го имаат во овој момент. Тоа е пониска цена и поголем квалитет. Секој пад на монопол значи поголема конкуренција, различни пакети на понуда и секако различни цени. Квалитетот пак, мора да е на високо ниво и константно да расте. Кај нас компаниите немаат потреба да најавуваат дневно количество на потрошувачка на струја, ниту пак во нивните фирми да прават кадровскo-технички измени. За нивните потреби се грижи тимот на ЕДС којшто комплетно го врши балансирањето на потрошувачка на струја. Сите трошоци за балансирањето влегуваат во основната цена на струјата и компаниите не добиваат сметки со скриени трошоци", изјавија од ЕДС.

Од компанијата изјавија дека се сигурни дека следната фаза на либерализација ќе придонесе за големо намалување на цената на струја кај малите компании.

"Кога станува збор за искуство за продажба на струја, зад нас стои 15 години искуство. Единствени сме со развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, лиценцирани брокери на берза за струја. Како компанија сме членка на меѓународната берза за струја. Ова се нешта со кои сме единствена македонска компанија на пазарот", додаваат од ЕДС.