Новости

До 20 проценти поевтина струја за компаниите кои потпишаа договор со ЕДС

До 20 проценти поевтина струја за компаниите кои потпишаа договор со македонската компанија ЕДС пред почетокот на либерализацијата на пазарот на продажба на струја.

Списокот на компании кои досега потпишале договор е доставен до Регулаторна комисија, а ЕДС е лидер во овој сегмент со најголема балансна група на потрошувачи што значи можност за нудење на најдобри услови на пазарот.

"Долго време се одложуваше овој процес што пак ни остави простор сериозно да се подготвиме за предизвикот. Затоа нашата компанија има одлични цени и услови. Ја имаме најголемата балансна група, а тоа значи исполнување на сите обврски без никакви пречки. Кога ја немате поддршката на балансната група, ризикот за набавка и продажба на струја по дадени услови е голем, но кај нас тоа нема да биде случај. "ЕДС понуди и сѐ уште нуди пониска цена, сигурност и квалитет на испорака на електрична енергија", изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.

ЕДС ја создаде својата предност пред другите компании со долгогодишното искуство во набавка на струја на слободен пазар, како и поседувањето на развиена мрежа за снабдување со електрична енергија. Дополнителна вредност ѝ дава членството на меѓународната берза за струја, што на компаниите им гарантира придржување на договорената цена и квалитет на испораката.