Обновливи извори на енергија

Обновливи извори на енергија

ЕДС e меѓу првите македонски компании што ги користи бенефитите од обновливите извори на енергија. Први сме во изградба на малите хидроцентрали, со што станавме единствена компанија во Македонија со знаење и искуство во овој домен.

Водата што тече создава енергија што може да се трансформира и да создаде електрична енергија. Ова се нарекува хидроелектрична енергија или хидроцентрала. Моќта на водата се користи каде и да постои голема разлика во нивото, дали е природна или создадена со брани. Водата која тече ги врти турбините, а тие ги вртат електричните генератори. Хидроенергијата денес произведува околу 7% од вкупното производство на струја.