ЗА ЕДС

Менаџмент на EДС

Златко Черепналкоски

Златко Черепналкоски е дипломиран електроинженер на насоката електроенергетика на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Своето високо образование го има стекнато во периодот од 1985 до 1990 година. Со повеќе од 23 години работно искуство Златко Черепналкоски работи како електроинженер и инвестициски банкар во електроенергетскиот и финансиско-банкарскиот сектор. Во текот на својот професионален развој се занимавал со оперативна енергетика, реструктурирање на електроенергетскиот сектор, либерализација на пазарот на електрична енергија, проектно финансирање и финансиски советодавни услуги поврзани со енергетскиот сектор.

Во моментов работи како менаџер за малопродажба во ЕДС и е член на Надзорниот одбор на ТТК Банка.

Љупчо Најдов

Љупчо Најдов е дипломиран електротехнички инженер за телекомуникации и информатика. Своето високо образование го има стекнато во периодот од 1988 - 1993 година, во Загреб, како еден од најдобрите студенти во генерацијата, а студиите ги има завршено со научно истражувачка работа која им се овозможува на 3-4% од студентите. Има повеќе од 20 години работно искуство во информатика како системски инженер, развој на софтвер, водење на големи проекти и организација и раководење на тимови и процеси за системско инженерство, поддршка на корисници, системи за фактурирање, наплата и печатење на месечни сметки и други оперативни процеси.

Љупчо Најдов е менаџер за номинации и ИТ, тој е одговорен за дневни номинации (возни редови) за трговија, анализа и обезбедување на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија како и за управување со ИТ инфраструктура во ЕДС и Феро Инвест групацијата.

Игор Чичаковски

Игор Чичаковски е дипломиран економист. Дипломата ја има стекнато на државниот Универзитет "Св. Кирил и Методиј", во Скопје во периодот од 2005 до 2009 година. За време на своето 5 годишно работно искуство Игор Чичаковски работи како менаџер за трговија со електрична енергија.

На неговата работна позиција веќе од 2012 година е лиценциран менаџер за трговија со електрична енергија во ЕДС, единствен во Македонија.

Кети Аврамовска

Кети Аврамовска е магистер по економија. Своето магистерско образование го има стекнато на високообразовната институција - Варшавска школа за економија во периодот од 1987 до 1992 година. Со своето 10 годишно работно искуство во областа на економијата, Кети Аврамовска има работено на функцијата економист во повеќе компании.

Во моментов, работи како back office менаџер во ЕДС.

Слободанка Деспотовска

Слободанка Деспотовска е дипломиран економист. Своето високо образование го има стекнато на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Факултетот за економски науки. Во својата 11 годишна професионална кариера Слободанка Деспотовска работи како финансиски сметководител во неколку различни компании и е лиценциран овластен сметководител.

Во моментов нејзината работна позиција е менаџер на сметководствениот и финансискиот оддел во ЕДС.