Најчесто поставувани прашања

Зошто да го одберам ЕДС?

Затоа што ЕДС нуди најниски цени и најповолни услови за снабдување со струја. Во понудата на ЕДС се содржани сите трошоци за набавка на струјата, нејзиниот транспорт до Македонија, сите царини и давачки и најважно од сѐ целокупната дневна оператива кон пазарот и балансирањето на вашата потрошувачка. Со еден збор добивате сѐ во едно по најниска цена!

Што е тоа Балансна Група?

Балансна Група е група на потрошувачи кои заеднички ја планираат својата потрошувачка на струја со цел нивното вкупно отстапување помеѓу планираната и остварената потрошувачка да биде што помало. Тоа значи дека што е поголема балансната група тоа е поевтино нејзиното балансирање. ЕДС Балансната Група е најголемата балансна група во Македонија, со фантастични 320 MW моментална моќност, што на ЕДС му обезбедува најекономично управување со својата група без дополнителни трошоци кон своите клиенти.

ЕДС ја планира потрошувачката на својата балансна група без никакви дополнителни трошоци за клиентите.

Како функционира слободниот пазар на електрична енергија?

Струјата што ја трошат компаниите кои се излезени на слободниот пазар се купува преку меѓународните берзи на струја. Откако снабдувачот ќе ја купи и транспортира струјата до Македонија, струјата мора да помине низ електропреносната и електродистрибутивната мрежа за да биде доставена до мерните места на компаниите. За тоа пренесување и дистрибуирање на струјата компаниите, покрај трошокот за набавка на струјата кон својот снабдувач, плаќаат и т.н. дистирбутивна такса (мрежарина) кон операторот на дистрибутивниот систем. Овој трошок ги содржи и таксата за преносната мрежа и таксата за дистрибутивната мрежа.

Истата електрична енергија која се купува и транспортира мора однапред да се испланира по количина и по временски распоред. Доколку реалната потрошувачка отстапува од планираната тогаш разликата мора да биде избалансирана од страна на преносниот оператор. Отстапувањата не можат да се избегнат, но можат да се намалат со прецизно планирање и со окрупнување на балансната група. Балансната Група на ЕДС регистрирана кај пазарниот оператор во Македонија е најголема во државава и покрива околу 70% од вкупната потрошувачка на слободниот пазар на струја. Со тоа ЕДС обезбедува најевтини цени на струјата и најповолни услови за снабдување без скриени или дополнителни трошоци.

Што треба да направиме за да смениме снабдувач? Како да се префрлиме кај ЕДС?

За да одберете нов снабдувач со електрична енергија треба да побарате понуда за снабдување, да ги разгледате условите кои ви се понудени и да донесете одлука од кој снабдувач сакате да бидете снабдувани со струја. За да од 1 јануари 2015 година ги уживате бенефитите од ниските цени кои ги нуди ЕДС, треба најдоцна до 15 ноември оваа година да потпишете договор со ЕДС и да станете членка на најголемата балансна група на Македонскиот пазар.

Доколку склучиме договор со Вашата компанија Вие нема да морате да воведувате никакви измени во начинот на вашето работење, не ви требаат нови кадрови решенија за планирање на вашата потрошувачка бидејќи ние ќе го правиме тоа за Вас, нема да морате да купувате скапи системи за следење на Вашата потрошувачка на струја бидејќи ЕДС ќе ве балансира без дополнителни трошоци!

Единствената промена ќе бидат Вашите трошоци за електрична енергија кои ќе бидат пониски од досегашните до 40%.

Што се случува со приклучокот и борилото ако сменам снабдувач?

Доколку се одлучите да склучите договор со нов снабдувач, приклучокот, каблите, водовите и борилото ќе ви останат исти. Операторот на дистирбутивниот систем ќе ја отчитува вашата месечна потрошувачка на струја од истите броила на ист начин и во исто време секој месец во иднина.

ЕДС ќе ве регистрира како член на својата балансна група и ќе го пререгистрира броилото преку кое трошите струја во својата балансна група, сето тоа без никаков надомест.

Како да ги одредиме идните трошоци за електрична енергија?

Почнувајќи од 1 јануари 2015 година, компаниите кои досега немале можност да учествуваат на слободниот пазар ќе можат да одберат една од двете можни опции:

1. Да склучат договор со снабдувач на слободниот пазар и да заштедат до 40% од трошокот за струја, или

2. Да останат снабдувани од "Снабдувач во краен случај" и да плаќаат поскапа струја од сегашната.

Ако останате снабдувани од Снабдувач во краен случај не треба да потпишувате никакви нови договори - според Законот за енергетика по автоматизам ќе бидете третирани како снабдувани во краен случај. Но, доколку сакате да ги намалите вашите трошоци за електрична енергија, тогаш треба да склучите договор со снабдувач на слободниот пазар.

Вкупниот трошок во иднина по основ потрошена електрична енергија на слободниот пазар ќе биде сума од трошокот за струјата и трошокот за мрежарина. Трошокот за струјата ќе зависи од понудените цени од вашиот снабдувач, додека висината на мрежарината зависи од тоа на кој начин и на кое напонско ниво сте приклучени кон дистрибутивната мрежа.

Доколку сакате подетално да се запознаете со методот за пресметка на идните трошоци на слободноит пазар, кликнете тука.

Зошто цените на слободниот пазар се поевтини?

Цените секогаш паѓаат кога се овозможува конкуренција во било кој сегмент од пазарот. Слободниот пазар за електрична енергија е во многу нешта сличен на пазарот на мобилни, телефонски и интернет услуги. Кога пазарот на телекомуникациски услуги беше затворен за конкуренција, корисниците на фиксна и мобилна телефонија мораа да плаќаат многу пари само за да добијат број или сим картичка. Денес, кога конкуренцијата е огромна, сим катричка можете да купите и во трафика, а со секој интернет или ТВ пакет бесплатно добивате фиксен број, па дури и апарат.

Многу слично е и во пазарното стопанисување со струјата. Снабдувачите со електрична енергија се трудат да купат што е можно поевтина струја и на најевтин начин да ја донесат струјата до Македонија.

Предноста на ЕДС во однос на останатите конкуренти е во тоа што купуваме огромни количини енергија секојдневно со што енергетскиот дијаграм на нашата балансна група е оптимален па оттаму и најевтин, потоа струјата ја транспортираме користејќи ја сопствената корпоративна инфраструктура низ целиот регион на Централна и Југоисточна Европа со што транспортот е најевтин и конечно трошоците за балансирање ни се најниски бидејќи балансираме околу 70% од вкупната енергија на пазарот. Затоа можеме да понудиме цени пониски и до 40% во однос на сегашните.