Историја

Energy Delivery Solutions (ЕДС) e водечка македонска компанија од областа на трговија со електрична енергија на пазарот на квалификувани потрошувачи. Со портфолио од 320MW формиравме најдобра балансна група и со тоа условите за снабдување со струја ги направивме најповолни на македонскиот пазар.

ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар. ЕДС е членка на меѓународната берза за набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја од ЕДС ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката.

Досега ги снабдувавме со струја големите индустриски капацитети, а отсега и 40% од македонските компании што имаат над 50 вработени. Либерализацијата на струја стапи на сила од 01.04.2014 година.

Најголема заштеда од 40 отсто добиваат фирмите кои се приклучени на вториот тарифен степен, а за останатите просечното намалување ќе биде од 25 до 30 отсто.

Од април оваа година со електрична енергија почнаа да се снабдуваат средните претпријатија. ЕДС снабдува 70 компании од вкупно 200 кои побаруваат 320 мегавати електрична енергија.

ЕДС нуди пониска цена, сигурност и квалитет на испорака на електрична енергија. ЕДС НУДИ ИЗБОР!

ЕДС Регионална корпоративна инфраструктура