


Нов закон за обновлива енергија
Новиот Закон за употреба на енергија од обновливи извори ја финишира Владината процедура пред да биде пратен во Собрание на прво читање
Овој закон претставува стратешки чекор напред, со кој обновливите извори
на енергија за првпат се уредуваат во посебен закон (Lex specialis), одвоен од останатите енергетски закони – по примерот на голем број земји од регионот и ЕУ. Причината е јасна: обновливите извори на енергија (ОИЕ) претставуваат сложена, но сè поважна и динамична област, со огромно влијание врз економијата, екологијата и енергетската независност. Овој посебен закон е подготвен согласно Владината програма за 2025 година и со цел да обезбеди јасна и комплексна регулатива која ќе ги уреди сите аспекти поврзани со обновливите извори на енергија (ОИЕ) — од поставување цели и мерки за поддршка, до конкретни механизми за финансиска стабилност и заштита на потрошувачите.
Законот е целосно усогласен со последните промени во европското енергетско право, пред сè со RED III Директивата, која ја регулира промоцијата и користењето на обновливите извори и е обврска за земјите-членки на Енергетската заедница.