Политика за приватност

Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје (во понатамошниот текст: ЕДС) преку веб страницата eds.mk собира лични податоци за понатамошна обработка.

Оваа политика за приватност дава детален опис за обработката на податоците преку веб страницата.

Контролор на личните податоци

Согласно Законот за заштита на личните податоци, ЕДС е контролор на лични податоци.

Целосни податоци за контролорот:

Друштво за трговија и услуги Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје

Столтенбергова бр.4, Скопје

ЕМБС: 6822380

ЕДБ: 4080012531832

Офицер за заштита на личните податоци:

Димитар Ивановски

legal@eds.mk

Како собираме лични податоци?

Веб страницата собира податоци на два начини:

  1. Кога вие добороволно ќе ги внесете своите податоци во обрасците кои се на располагање, како на пример формите каде што внесуват име и мејл адреса за да добиете понуда за снабдување со електрична енергија, и
  2. Преку т.н. колачиња, кои се испраќаат до вашиот уред со цел да се идентификува и да се соберат други податоци. Колачињата се користат единствено ако вие изрично се согласите на тоа.

Категории на лични податоци, цели на обработка и чување на податоците

Во табелата во продолжение е објаснето кои податоци ги обработуваме, за која цел и колку време се чуваат во нашите системи пред да бидат избришани:

Личен податок

Зошто се обработува

Правен основ

Колку време се чува

Име и презиме

За да се достави понуда 

Активности пред склучување на договор

Една година

За маркетинг цели

Согласност

Шест месеци откако субјектот ќе престане со отворање на мејл пораките

Мејл адреса

За да се достави понуда 

Активности пред склучување на договор

Една година

За маркетинг цели

Согласност

Шест месеци откако субјектот ќе престане со отворање на мејл пораките

ИП адреса

За да се следат посетите на веб страницата и за маркетинг цели

согласност

Една година

Дигитален отпечаток

За да се следат посетите на веб страницата и за маркетигн цели

согласност

Една година

Обработката на ИП адресите и дигиталниот отпечаток за аналитички и маркетинг цели во име на ЕДС ја вршат Гугл и Мета.

Пренос на податоците во надвор од земјата

Дел од нашите обработувачи на податоци, конкретно Гугл и Мета, податоците ги обработуваат надвор од границите на Република Северна Македонија. 

Сепак, тие податоци се обработуваат на сервери лоцирани на територијата на Европската Унија, при што се применуваат строгите регулативи за заштита на личните податоци на Унијата.

Вашите права

Вие, како субјект на лични податоци, ги имате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:

  • Пристап до личните податоци
  • Исправка на вашите лични податоци
  • Бришење на вашите лични податоци
  • Пренос кај друг контролор, каде што тоа е технички возможно
  • Приговор на обработката
  • Ограничување на обработката

Правата можете да ги остварите со поднесува на барање на legal@eds.mkЗаконскиот рок за постапување по барањето е 30 дена од денот на поднесување.