


Александар Сарџовски за А1он: Стабилноста и предвидливоста се клучни за современите бизниси
Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во интервју за A1on зборуваше за актуелните состојби на енергетскиот пазар, новата промотивна кампања на компанијата и сѐ поголемото значење на сигурното и одржливо снабдување со електрична енергија.


Во интервјуто, Сарџовски ја претстави новата понуда на ЕДС, која за првпат на пазарот овозможува снабдување со фиксна цена на електрична енергија со договор на 24 месеци, со цел компаниите да добијат поголема финансиска предвидливост и заштита од пазарни флуктуации.
Тој посочи дека во услови на нестабилен енергетски пазар, изборот на снабдувач повеќе не е само прашање на цена, туку стратешка деловна одлука, каде стабилноста, сигурноста и довербата играат клучна улога.
„Во ЕДС, нашата цел е да обезбедиме не само електрична енергија, туку и доверба, предвидливост и поддршка за растот на нашите клиенти“, истакнува Сарџовски.
Во разговорот беше потенцирана и важноста на припадноста на ЕДС кон ППЦ Групацијата, како и можностите што компанијата ги нуди во делот на снабдување со електрична енергија од 100% обновливи извори, поддржана со сертификати за гаранција на потекло.