Home Page_F5-03-LEFT
Home Page_F5-03-RIGHTHome Page_F5-03-MOBILE

ЕДС одржа брифинг за медиумите за новата промотивна кампања и состојбите на енергетскиот пазар

0
Задоволни потрошувачи
0
непрекинато снабдувани мерни места
0
Во индустријата (втор најголем снабдувач)
0
kWh снабдени од 100% чиста и зелена енергија

ЕДС одржа брифинг за медиумите во своето седиште во Скопје, на кој пред претставници на водечки економски и онлајн медиуми беа презентирани со новата промотивна кампања на компанијата, актуелните состојби на енергетскиот пазар и стратешките насоки на компанијата за наредниот период.

На брифингот се обрати главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, кој ја претстави новата понуда на компанијата – Fix Save 24 – модел за снабдување со електрична енергија со фиксна цена и договор на 24 месеци, надополнет со дополнителна вредност за клиентите преку клима уред како подарок за нови и обновени договори.

Во своето обраќање, Сарџовски истакна дека во услови на нестабилен енергетски пазар, бизнисите имаат потреба од сигурност, предвидливост и партнер на кој можат да се потпрат при носењето на деловните одлуки.

„Компаниите денес не бараат само конкурентни цени, туку и стабилност и контрола на ризиците. Со оваа кампања сакаме да понудиме реална вредност и поддршка за нивното секојдневно работење“, истакна Сарџовски.

За време на брифингот беше направен и осврт на актуелните движења на енергетскиот пазар, влијанието на глобалните и геополитичките фактори врз цените на електричната енергија, како и важноста на изборот на стабилен и сигурен снабдувач во време на неизвесност.

Компанијата ја потенцираше и својата позиција како еден од етаблираните снабдувачи на пазарот, со повеќе од една деценија искуство во снабдување и трговија со електрична енергија, како и поддршката што ја има како дел од ППЦ Групацијата.

Со овој настан, ЕДС продолжува активно да ја зајакнува комуникацијата со медиумите и деловната јавност, позиционирајќи се како сигурен партнер кој обезбедува стабилност, поддршка и доверба во динамична енергетска средина.

Ве интересираат повеќе вести?

Loading...