


ЕДС ја поддржува Специјалната Олимпијада на Северна Македонија
ЕДС продолжува да поддржува иницијативи кои придонесуваат за создавање поинклузивно, солидарно и еднакво општество, преку партнерството и поддршката на Специјалната Олимпијада на Северна Македонија.
Како организација која преку спортот создава можности, самодоверба и нови животни искуства за лицата со попреченост, Специјалната Олимпијада на Северна Македонија има значајна улога во промовирањето на еднаквоста, прифаќањето и заедништвото во општеството.
Во ЕДС веруваме дека вистинските вредности се градат преку поддршка, почит и создавање можности за сите. Токму затоа, особено ни е важно да бидеме дел од иницијативи кои носат позитивни промени и придонесуваат кон развој на заедницата.
Горди сме што сме дел од приказна која преку спортот испраќа силна порака за инклузија, храброст, пријателство и еднакви можности за сите.



