Home Page_F5-03-LEFT
Home Page_F5-03-RIGHTHome Page_F5-03-MOBILE

Тимската енергија што нѐ движи: ЕДС на team building во Сопот

0
Задоволни потрошувачи
0
непрекинато снабдувани мерни места
0
Во индустријата (втор најголем снабдувач)
0
kWh снабдени од 100% чиста и зелена енергија

Викенд исполнет со позитивна енергија, дружење, тимски дух и заеднички моменти – така изгледаше овогодишниот team building на ЕДС, кој се одржа во Сопот.

Надвор од секојдневните работни обврски, вработените имаа можност да поминат време заедно во поинаква атмосфера, да создадат нови спомени и дополнително да ги зајакнат меѓусебната доверба, комуникација и тимската поврзаност.

 

Во ЕДС веруваме дека вистинската енергија на компанијата доаѓа од луѓето. Токму затоа, градењето силен и поврзан тим е важен дел од нашата корпоративна култура и од вредностите што ги негуваме секојдневно. Team building настаните не се само можност за одмор и дружење, туку и простор каде што се развиваат соработката, заедништвото и чувството на припадност. Успехот на ЕДС се темели на луѓето кои секојдневно ја носат компанијата напред со својата посветеност, професионалност и позитивна енергија.
Како компанија која работи во динамична индустрија, знаеме колку е важно да се негува атмосфера во која секој член на тимот се чувствува ценето, мотивирано и поддржано. Токму ваквите моменти создаваат посилни врски, нова инспирација и дополнителна мотивација за идните предизвици.

Со истата енергија со која ги поддржуваме нашите клиенти и партнери, продолжуваме да инвестираме и во најважниот двигател на ЕДС – нашите луѓе.

Ве интересираат повеќе вести?

Loading...