Како да станете наш корисник?

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е процес којшто е започнат и веќе длабоко навлезен со својата завршна фаза. Голем број од компаниите го направија својот избор на добавувач на електрична енергија. Исходот од нивниот правилен избор се покажа на првите доставени фактури каде е евидентирана заштеда од околу 30%.

За да направите правилен избор треба да се информирате, ние може да ви изработиме бесплатна анализа за тоа колку би заштедиле доколку станете наш корисник. Потребно е само да се јавите на телефонскиот број 02 55 14 100 и да ги оставите податоците за Вашата компанија и ќе Ве контактираме во најскоро време со подготвена анализа.

Вашите податоци и податоците за Вашата компанија - име, единствен даночен број, адреса, веб адреса, лице, телефон и маил за контакт како и фактурата од јуни 2014 година можете да ги испратите на маил info@eds.mk со истата цел - подготовка на анализа.

Откако ќе ја добиете анализата можете да го направите вистинскиот избор и да станете корисник на услугите на ЕДС со набавување на електрична енергија по најповолни услови.